6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка – џип се заби во запрежно возило, има повреднеи

На 26.04.2018 година околу 20.10 часот на регионалниот пат Куманово- Липково патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(51) од с.Липково, удрило во запрежно возило во кое бил А.М. (17) од с.Лопате, кумановско и 14-годишник од С.Слупчане, општина Липково. Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило.

Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Спонзорирано: