23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во пад на воен авион загинаа две лица

Двајца војници загинале откако воен авион се урнал синоќа во областа во близина на воздухопловната база Сфакс во Тунис.

Информацијата ја пренесе државната новинска агенција на Тунис, ТАП.

Според прелиминарните податоци, авионот паднал за време на ноќна вежба, изјавил за ТАП гувернерот на областа Сфакс, кој го посетил местото на настанот.