8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Напаѓачот од Торонто барал од полицајците да го застрелаат за време на апсењето

Агентите кои го истражуваат нападот со комбе во Торонто, во кој во понеделникот беа убиени 10, а повредени 15 лица, сметаат дека можен мотив на напаѓачот бил терористичко дејствување. Оваа информација беше објавена од страна на агенцијата „Ројтерс“, која се повикува на неименуван извор од безбедносните служби на САД.

Изворот за агенцијата истакнал дека не постои причина да се верува оти станува збор за случаен инцидент. Комбето било изнајмено од компанијата „Рајдер“, а возачот го искористил за да влета во група пешаци.

Според снимките што се појавија во канадските медиуми, возачот на комбето за време на апсењето тврдел дека има пиштол и барал од полицајците да го застрелаат.

Најмалку десет лица загинаа, а 15 се повредени кога комбето преминало на тротоар и се упатило кон толпа пешаци во северно предградие на Торонто. Канадската полиција го пронашла и уапсила возачот идентификуван како 25-годишниот Алек Минасиан, но и натаму се шпекулира за мотивот за инцидентот.

Весникот од Торонто „Глоуб енд мејл“ пренесе дека возачот побегнал од местото на инцидентот и дека засега не е познат карактерот на повредите на луѓето кои биле пренесени в болница.

Спонзорирано: