17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Колев до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го изманипулирате народот со блех-музика и смешни видеа

Претседателот на Граѓанско-демократската унија, Петар Колев, упати коментар до владејачката и до најголемата опозициска партија дека не можат да го изманипулираат народот со евтина блех-музика во режија и смешни видеа на Мисајловски за тоа како се градело и како се сакала Македонија.

„Господа, тој автопат е изграден со донација од ЕУ, грант од 40 милиони евра, пари на европските граѓани од нивните даноци, средства од кредит од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, кој треба да биде вратен од даноците на македонските даночни обврзници, како и 6 милиони евра од буџетот, пари на граѓаните. Не сум слушнал да сте донирале за автопатот од парите на вашите партии или можеби вашите приватни фирми. Срамота, популизам и вулгарност е да ни ја претставувате како огромен успех изградбата на 28 километри автопат во 2018 година“, реагира Колев и додава дека тие 28 километри биле изградени во период од 6 години, што значи дека се граделе по 4-5 километри годишно.

Тој им порача дека доколку нивното политичко битие во инфраструктурата се исцрпува со 28 километри автопат изграден за повеќе од 6 години, слободно може да се занимаваат со нуклеарна физика, но не и со политика.

Спонзорирано: