22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

Покрај обраќањето, за време на посетата на Советот на Европа предвидено е Димитров да реализира одделни средби со Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа; Микеле Николети, претседател на Парламентарното собрание; Гидо Раимонди, претседател на Европскиот суд за човекови права; Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, како и со членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Утре, како што најави МНР, ќе остварат средба министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Средбата ќе се случува во попладневните часови, во посредство на медијаторот на ОН за спорот за името, Метју Нимиц.

Спонзорирано: