12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи во Словенија на самит за регионална соработка

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе учествува на самитот на шефови на држави или премиери на земјите членки на процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Како што информираат од кабинетот на Османи, самитот ќе се одржи во Словенија, на Брдо кај Крањ, а главна тема ќе бидат предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Инаку, процесот за соработка на Југоисточна Европа е иницијатива за регионална соработка каде што, покрај Македонија, членуваат: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово.