12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија: Одлуката на Северна Кореја не е доволна, потребни се возвратни мерки од САД

САД требa да преземат возвратни мерки откако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетните тестирања, смета шефот на меѓународниот комитет на Русија, Константин Косачев. Тој во порака објавена на Фејсбук оценил дека одлуката на Северна Кореја не е доволна за да се нормализира ситуацијата на Корејскиот полуостров. Според него, потребни се оперативни, по можност демонстративни возвратни мерки од САД.
„Прекин на агресивната и разорувачка реторика. Признание на Северна Кореја на сопствениот развој. Прекин на воените активности кај границата на Северна Кореја. Придвижување на политичкиот дијалог“, навел рускиот сенатор.
Тој изразил надеж дека меѓукорејскиот самит и самитот Северна Кореја – САД сигурно ќе бидат одржани.
„Нашиот дијалог со Северна Кореја ниту во еден момент не е прекинат. Тоа беше одговорна, прецизна и на крајот на краиштата правилна руска дипломатија. Победи политиката на политичко решавање на кризите за која Русија постојано се залага“, заклучил Косачев.
Спонзорирано: