25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прободен сопственик на познат угостителски објект среде Скопје – детали за големата тепачка

На 21.04.2018 година околу 00,10 часот во Скопје во угостителски објект на улица „Орце Николов“ неколку лица кои седеле на терасата од угостителскиот објект, започнале меѓусебна расправија, а подоцна дошло и до тепачка помеѓу истите, по што две од лицата си заминале, но подоцна се вратиле и продолжиле со пресметката.

Сопственикот на објектот, П.П.(56) од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.

На повредениот во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” му е укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.