17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште една страшна сообраќајка со повредени ја потресе Македонија

На 20.04.2018 година во 07,10 часот во Штип, на крстосница со кружен тек на улица „Сутјеска“ со улица „Сремски Фронт“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фоксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(48) од село Радање-О.Карбинци и мопед „Скутер Јонвеј YY-50“ исто така со штипски ознаки управувано од М.Т.(64) од село Долани, штипско.

Во незгодата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Клиничка болница Штип каде е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.