14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пресврт во политиката на Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања

Северна Кореја соопшти дека ги запира тестирањата на балистички ракети со долг дострел и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби. Агенцијата КЦНА соопшти дека државата од денеска ќе почне со стопирање на тестовите.
Државата се одлучила за ваков потег со цел одржување на националниот фокус и подобрување на економијата.
Објавата за стопирање на нуклеарните и ракетните тестови доаѓа неколку дена пред средбата на лидерите на Јужна и Северна Кореја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун, во обид да стават крај на судирот меѓу двете Кореи.
Одлуката на Северна Кореја е донесена на пленарна седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на која се разговарало за нова етапа во политиката.
Спонзорирано: