20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме направи пустош: Метеоролозите ја потцениле силата на невремето, многумина останаа без струја, откажани се и летови

Силна бура го погоди Нов Зеланд.

Ветрот достигна брзина од 200 километри на час, а 200.000 луѓе останаа без електрична енергија во своите домови.
Службата за итна помош во Окленд, град со околу 1,5 милиони жители, беше преплавен со повици. Меѓународниот аеродром во Окленд беше повремено затворен поради ветер и авиокомпанијата  „Ер Њу Зиланд“ јави дека е нарушен бројот на летови.
Метеорологот Филип Данкан изјави дека очекувале силен ветер, но ја потцениле неговата сила. Лошото време во Окленд ќе потрае до петок.