11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Лажела дека е смртно болна за да собере пари, па зажалила

Австралијката Хана Дикенсон (24) е осудена на три месеци затвор бидејќи лажирала смртоносна болест како би собрала пари за лечење во странство.

Девојката, имено, и рекла на своите родители дека и е потребно лечење надвор од државата бидејќи боледува од карцином по што тие примиле донации од своите пријатели во износ од 42.000 австралиски долари, а кои девојката потоа ги потрошила на летување и забава.

Судијата оваа измама ја нарекол „достојна за презир“ и ја осудил по седум точки од обвинението.

– Човечката желба за помош е изневерена. Тоа се луѓе кои напорно работеле, а таа им земала од нивните џебови, рекол судијата.