13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Воз полн со патници се откачил од локомотивата и се движел 12 километри наназад

Индиски воз полн со патници, распоредени во 22 вагони, се откачил од локомотивата и поминал 12 километри наназад, пред да запре на барикади кои властите ги поставиле на пругата.

https://www.youtube.com/watch?v=FSanw0oGXNU

Како што информираат тамошните медиуми, во инцидентот нема повредени.

„Можеше да биде голема катастрофа, но за среќа таквото сценарио беше спречено благодарение на внимателниот персонал“, наведуваат од индиското Министерство за железници. Како што велат, додека вагоните се движеле наназад не дошло до поголеми проблеми и никој не е повреден. Инцидентот се случил на истокот од Индија во сојузната државата Одиша.

Во врска со инцидентот, седум вработени во железницата се суспендирани поради непочитување на прописите. Исто така, покрената е истрага за откривање на причините поради кои од локомотивата се издвоил останатиот дел од композицијата на возот.

Спонзорирано: