19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сцени како од акционен филм утринава во Прилеп: Двајца другари претепани- погледнете ги деталите

Утринава околу 05:00 часот Б.С. (32) пријавил дека во Прилеп на улицата „Архиепископ Доситеј“ додека бил паркиран со своето возило заедно со А.П.(26), а зад него биле паркирани со две возила неговите другари Ѓ.К., Б.Д., И.Ш., Ш.И. и С.Ш, покрај возилото на Б.С. застанал џип „Фронтера“, во кој биле лицата К.П. и А.М. и уште две други лица кои седеле во задниот дел од возилото.

Тие започнале расправија со Б.С. при што сите излегле од возилата. К.П. при излегување од задниот дел на возилото извадил дрвена палка и кога Б.С. го забележал тоа влегол во своето возилото, го стартувал со намера да замине, но едно од четирите лица од “Фронтерата“ фрлило со стаклено шише кон неговото возило при што го скршило задното ветробранско стакло.

Според пријавеното, К.П. почнал со палката да удира по С.Ш и Б.Д.,. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: