9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп се заканува со нови тарифи за кинеските производи

Американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на државните експерти да разгледаат воведување на дополнителни тарифи од 100 милијарди долари против Кина, во ескалација на тензичната трговска размена меѓу двете земји, објави Би-Би-Си.

Тарифите би биле дополнение на веќе предложените американски тарифи за стотици кинески увезени производи во вредност од 50 милијарди долари.

Кинеското министерство за трговија претходно нагласи дека Кина нема да се двоуми да плати било каква цена за да ги одбрани своите интереси.

Трговските чекори на двете земји, веќе неколку недели, предизвикуваат разнишување на глобалните пазари.

Најновиот американски предлог дојде откако Кина се закани со тарифи за 106 клучни американски производи.

Како одговор на последната најава на Трамп, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече: “Кина и САД како две светски сили треба да се однесуваат едни кон други врз основа на еднаквост и со почит“.

Аналитичарите предупредија на ризикот од избувнување на целосна трговска војна, што е опасност за глобалната економија и пазарите. Тие веруваат дека тековните преговори помеѓу двата гиганти се клучни.

Спонзорирано: