20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ја обвини Британија дека си игра со оган

Отворената седница на Советот за безбедност при Обединетите нации, посветена на труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Сркипал и неговата ќерка Јулија, се одвивала во воена атмосфера, со меѓусебни обвинувања меѓу Русија и Велика Британија, пренесуваат светските медиуми.

Рускиот амбасадор во Советот за безбедност, Василиј Небенза рекол дека Скрипал не претставувал закана за Русија и дека ова што го прави Велика Британија е само игра со оган.

„Верзијата која ја шири Велика Британија наведува дека Русија никогаш не му простила за предавството и одлучила да го елиминира. Во меѓувреме, совршено е јасно дека човекот неможел да претставува закана за Русија“ рекол Небенза, пренесе Тас.

Тој исто така нагласил дека Лондон води против Москва пропагандна војна без никакви правила. Повторил дека целата приказна во врска со труењето е практично обид да се поткопа влијанието на Русија во светот и да на некој начин, Русија да се стави на столб на срамот, што според него, не соодветствува со фактичката ситуација.

Британскиот амбасадор во ОН, Карен Пирс рекла дека руското барање за пристап до Јулија Скрипал е проследен до неа и дека го чекаат нејзиниот одговор.

„Добивме барање од рускиот конзулат. Го проследивме до Јулија Скрипал и чекаме нејзин одговор. Мора да се земат во предвид нејзините желби“ рекла Пирс.

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли не присуствувала на седницата, таа имала нејзина заменичка, која ја поддржала Велика Британија особено во контекст на фактот дека поминала една година од хемискиот напад во Сирија.

Таа нагласила дека вклучувањето на Русија во истрагата би било исто како пироман да учествува во истражувањето на пожарот кој сам го предизвикал. Русија поднесе барање, нејзина делегација да се состане со Јулија Скрипал, со оглед дека таа е руска државјанка.

Спонзорирано: