17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешната јужнокорејска претседателка осудена на 24 години затвор

Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје е осудена на 24 години затвор, поради обвинение за злоупотреба на службената положба и за корупција, објави Би-Би-Си.

Пресудата беше емитувана во живо на телевизија и ја претстави кулминацијата на скандалот кој изби во земјата, предизвикувајќи гнев и бес во јавноста кон политичките и бизнис елити.

Парк не беше присутна во судницата за време на соопштувањето на пресудата. Таа го бојкотираше судењето и претходно го обвини судот дека работел против неа. Таа исто така ги негираше сите обвинувања против неа.

Одлуката на властите да ја емитуваат во живо пресудата е без преседан, но како што невеле властите, се работи за досега невиден интерес на јавноста за случајот.