8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за крвавиот инцидент во Тетово

Денес околу 18,20 ч. било пријавено пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, дознава Скај од свои извори.

По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.

Веднаш потоа од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало, додека пак другото се бори за живот.

Во полициска акција се приведени две лица дознава Скај.

Наскоро очекувајте подетални информации за овој крвав инцидент кој како што претходно објавивме се случил во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Од ДУИ демантираа дека инцидентот има врска со партиските активности.

Спонзорирано: