10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата соопшти дека го уапсила П.В.

Денеска 04.04.2018 година, Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето П.В (37), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело “насилство“ предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено на 25.03.2018 година околу 16,20 часот пријавениот П.В. на плоштад ,,Македонија“ во Скопје физички го нападнал Г.М. (пратеник во Собрание на Република Македонија).

По пријавувањето на настанот, преземени се соодветни мерки и активности за негово расчистување.

За таа цел објавивме и фотографија од напаѓачот и побаравме помош од граѓаните при неговата идентификација.

Вчера (03.04.) од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал пријавениот е лишен од слобода.

Им благодариме на граѓаните кои помогнаа со информации во расчистувањето на овој случај, велат од МВР.

Спонзорирано: