9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Истражување покажа: Луѓето родени во овој месец се најпаметни

Луѓето родени во септември се попаметни од останатите, тврдат научниците.

Истражувањето објавено на Универзитет во Кембриџ покажува дека причината за тоа е фактот што токму во овој месец почнува школската година.

Имено, научниците наведуваат дека децата родени во септември, воглавно, се најстари во класот, што им дава предност за време на школувањето.

Научниците набљудувале еден и пол милиони ученици на Флорида во доба помеѓу шест и 12 години, родени во различни месеци.

Се покажало дека децата родени во септември постигнуваат подобри резултати во школо.

Таа предност се покажува и кај подоцнежното образование – луѓето родени во септември, воглавно, се запишуваат во добри факултети.

Освен оваа погодност, луѓето родени во септември имаат најмали шанси да завршат во затвор.

Анализата на податоците од затворските центри за млади на Флорида покажува дека најстарите во генерацијата имаат многу помали шанси да завршат како малолетни деликвенти.

Спонзорирано: