13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Во Словенија имаме силен сојузник за членство во ЕУ и НАТО

Словенија потврди дека е силен сојузник за евро-атлатските аспирации на Македонија, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, кој попладнево се сретна со словенечкиот премиер, Миро Церар, кој е во официјална посета на земјава.
Заев во изјавата за медиумите им се заблагодари на премиерот Церар и на граѓаните на Република Словенија, во име на македонските граѓани и Владата на Македонија, за силната поддршка во евро-атлантските интеграции на нашата земја.
„Во овој важен период за Република Македонија, Република Словенија стои до нас и тоа е силен влог во натамошните билатерални односи и во развојот на економската соработка. Заеднички целиме кон напредок во регионот и пристап базиран на индивидуални заслуги за членство во  ЕУ. По денешната  посета и заедничка средба верувам дека позитивни резултати, и за Македонија, и за Словенија, и за регионот, се можни и се извесни, изјави премиерот Заев.
Тој додаде дека Словенија е добар пример како се напредува на економски и евро-атлантски план и рече дека во Словенија имаме силен сојузник за нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО“.
„Потребна ни е поддршка во пресрет на новонајавениот засилен дијалог на Република Македонија со Европската Унија, во рамки на спроведувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ и посебно во услови кога бугарското и претстојното австриско претседателство на ЕУ се фокусираат на регионот. Ние како Влада веруваме дека ќе добиеме чиста препорака од Европската комисија, со што на мајскиот Самит ЕУ – Западен Балкан во Софија и јунскиот Совет на ЕУ, се отвораат услови за Македонија да добие датум за почеток на разговорите за пристапување кон ЕУ. Тоа ќе значи нова светла страница во иднината на државата и за нашите граѓани“, рече во изјавата за медиумите премиерот.
Тој дополни дека во изминатите 10 месеци Македонија покажа дека цврсто стои позади демократските вредности и политиките на добрососедство, земјата се посвети на зајакнување на владеењето на правото, на слободни медиуми и на инклузивното управување, на надминување на билатералните спорови, што како што рече,  е базата со којашто Македонија дава дополнителни аргументи, на Словенија, како и на земјите од демократскиот свет, посилно да ѝ помогнат на Република Македонија во остварувањето на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО.
Двајцата премиери и владините делегации разговараа и за геополитичките состојби и споделија визија за стабилност, економски развој и евро-атлантски перспективи на целиот Западен Балкан.
Словенечкиот премиер и владината делегација од Словенија беа пречекани со највисоки почести при денешната возвратна посета на Република Македонија. Тие се тука и утре, кога заедно со големата економска и бизнис-делегација, заедно со колегите од Македонија ќе учествуваат на бизнис-конференција во Скопје.
Спонзорирано: