18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јушченко: Сопругата ми рече дека моите усни имаат вкус на метал

Поранешниот украински претседател, Виктор Јушченко, во интервју за Би-би-си вели дека се надева оти Европа ќе се свести за заканата од Русија во рамките на истрагата за труењето во Салсбери.

Пред четиринаесет години, Јушченко, за време на претседателската кампања во 2004 година, беше отруен со диоскин, тоскична хемикалија.

„Кога стигнав дома, ја бакнав сопругата и таа веднаш ми рече дека моите усни имаат вкус на метал. Бев на вечера со украинскиот шеф на обезбедувањето и неговиот заменик. Според истрагата, отровот бил ставен во оризот што ни беше сервиран на масата“, вели во интервјуто Јушченко.

„Заминав во Австрија, каде што по еден-два дена телото почна да ми отекува, главата драматично ми порасна, а болката се прошири по целото тело. Ми се појави воспаление, но и гној по целото тело“, се присетува Јушченко.

Тој беше лекуван во Виена, каде што докторите соопштија дека Јушченко голтнал диоксин, токсична хемикалија. Четиринаесет години тој сè уште чека да биде комплетирана истрагата за неговиот случај. Со згрченост во лицето поранешниот украински претседател рече дека го има одговорот, но дека не смее да го каже.

Како што истакна, чувствува болка што Европа е толку слепа, а државите се толку непријателски настроени едни кон други.