8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ и Шекеринска направија пустош во АРМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Шекеринска самата призна дека цели 10 месеци не сработила ништо за Армијата на Република Македонија. Шекеринска ги трошеше парите на апетисани и лични задоволства па требаше да поминат 10 месеци за да се сети дека треба да се спроведат реформи во АРМ и да почне постапка за набавка за нови униформи за професионалните војници. Откако СДСМ и Шекеринска го презедоа Министерството за одбрана, армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, јавноста беше сведок на скандалозната набавка на мазут од страна на Министерството за одбрана од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут. „Од Министерството не дадоа одговори како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот. Касарните среде зима останаа без греење, па војниците мораше да смрзнуваат во најладните денови, а голем дел војници кои патуваат не можеа да стигнат до работните места бидејќи Министерството не потпиша договор за превоз на војниците.
Негрижата за АРМ ја потврдува и тоа што во голем дел единици на АРМ недостигаат основни средства за работа и изведување обука. Тенковите станаа нефункционални поради немање масло и акумулатори , а комуникацискиот систем е разорен бидејќи не се изврши навремена набавка за батерии за радиоуредите.
Уште еден од низата скандали беше поставувањето на Горан Василевски за прв човек на военото разузнавање затоа што истиот претходно бил одбиван за безбедносен сертификат и паѓал на безбедносните проверки, за што се водела и постапка пред Управен суд. Никој не знае како човек со дамки во кариерата се стекна со безбедносен сертификат од највисок степен и дали истото беше награда заради неговото учество во шарената револуција“, се вели во соопштението.

Според опозициската партија, негрижата и запоставеноста на АРМ заради неспособноста на СДСМ доведе до тоа голем број професионални војници да ја напуштаат армијата во потрага во подобар живот, а последниот конкурс за прием на професионални војници имаше минимален интерес, па мораше да ги спуштат критериумите за примање нови кандидати.

„СДСМ и Шекеринска направија пустош во АРМ и со нивното неодговорно однесување ја ставија под знак прашалник меѓународната репутација на Република Македонија кај нашите НАТО-партнери. Шекеринска треба да има доблест и да се осмели да поднесе одговорност за лошото менаџирање со Министерството за одбрана. Армијата и МО не смеат да бидат заложник на лошите и неодговорни политики на СДСМ“, се додава во соопштението.