6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Владеењето на СДСМ и ДУИ, наликува на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Партијата Алијанса за Албанците доцна во ноќта преку соопштение реагираше за поетските книги на млади поети на македонски јазик, велејќи дека тие се спонзорирани и со партите на граѓаните од албанскиот етникум кои се даночни обврзници, а во нив се навредувале албанските ликови со различни квалификации.

„Непристојно се навредуваат албанските ликови со различни квалификации, како „шфалер”, „скиптар“ итн. Тоа нè потсетува на времето на ВМРО и ДУИ и објавувањето на Македонската енциклопедија од страна на МАНУ, каде истотака Албанците беа навредени и квалификувани како дивјаци кои дошле од планините. Такви случаи често се случувале и во преводите на книгите од страна Министерството за образование и наука и како последица од нестручните преводи направени се смешни грешки и понекогаш дури и крајно навредливи“, велат од Алијанса за Албанците.

Тие ја повикаа Владата и коалициониот партнер ДУИ, јавно да се оградат од овој случај и да преземат конкретни мерки за повлекување на книгата, а пак авторите, да одговараат, за како што велат, грозоморниот чин.

„Сакаме јавноста да ја потсетиме дека заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт е кадар на Весел Мехмеди кој тргувајќи со гласовите на Алијансата за Албанците и воден од неговите лични интереси стана вазал на оние кои немаат ни моќ, а уште помалку интерес за да одговорат на ваквите скандали каде што Албанците јавно се навредуваат“, додаваат од Алијанса за Албанците

Агенцијата за млади и спорт ќе го повлече целиот тираж на збирката поезија со дискриминирачка содржина. Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски на прес-конференција изрази жалење и нагласи дека посебна комисија била должна да направи селекција на песните и писмено да го извести него како директор, доколку има некакви сугестии или забелешки. Тој ги осуди песните со текстови кои шират дискриминација и говор на омраза. Александар Блажевски од Јанковец, Ресен, јавно призна дека тој е автор на спорните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“, проект финансиран од Агенцијата за млади и спорт, а чиј е уредник е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

Спонзорирано: