3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ вечерва “распали” по ВМРО ДПМНЕ – еве што им порачаа

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги сменат фактите дека платите растат, а економијата се придвижува, реагира СДМС на изјавата на Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ не може со лажни вести да ја промени реалноста која што покажува раст на платите и севкупно придвижување на економијата. Не е точно дека е сменета методологијата за пресметка на просечната плата, тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Растот на просечната плата во месец јануари оваа година за 5.6 проценти е реален, како и податоците на Државниот завод за статистика“, велат од СДСМ.

Токму тоа што Државниот завод за статистика податоците и прибира од Управата за јавни приходи, велат од таму, е потврда на веродостојноста на растот.

„Ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес, а за првпат во историјата просечната нето плата изнесува над 24.000 денари“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: