7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
МАКЕДОНИЈА

Изгореа неколку возила во Скопје

На 01.04.2018 година во 01.40 часот во Скопје на бул. “Видое Смилевски Бато“, опожарено било патничко возило “Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О. П. (44) од Скопје.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и расчистување на случајот.

На 01.04.2018 година во 05.55 часот во Единицата за информирање и командување-Скопје, од страна на Бригадата за против пожарна заштита, добиена била пријава дека на бул. “Јане Сандански“ на паркинг пред Трговскиот центар “Три бисери“ има опожарено патничко возило “Нисан навара“ со скопски регистарски ознаки, кое според евиденцијата на МВР е сопственост на А.С. (62) од Скопје, но во меѓувреме било продадено на Љ.Т. (59) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.