22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фото/Видео Еве што се случува во Охрид

Силниот ветер што вчера попладнето и ноќта го зафати Охридскиот регион, повторно го разбранува езерото предизвикувајќи високи бранови, што наместа ги префрла бетонските бариери на езерскиот кеј.

https://www.facebook.com/skymkd/videos/1711081608959288/

 

Нема поголеми проблеми, освен на местата каде нема физичка можност водата сама да се врати во езерото, а колекторскиот систем за негова заштита нема доволно капацитет наеднаш да прими толкави количини. Со намалувањето на брзината на ветерот, ситуацијата се нормализира и водата повторно се врати во езерото.

Повторно настрадаа некои угостителски објекти поставени на самата крајбрежна линија на потегот од градското пристаниште кон Канео.

Тоа се истите критични точки каде со човечка интервенција е навлезено внатре во просторот што е под вода во вакви неповолни хидролошки прилики и услови на висок водостој на езерото.

Оштетни се одредени стари дрвја, некои ламаринени покриви, а ветерот откорна и дел од трската кај локалитетот Мазија.

Нивото на водата во езерото е над критичната кота од 694 метри надморска височина и веќе се прелева над одредени места на Кејот на езерото во Охрид.

Екипи на ЈП„Охридски комуналец“, од раните утрински часови работата на отстранување на ѓубрето што езерото го исфрли на брегот. Од Управата за хидрометеоролошки работи поради врнежите од дожд најавија зголемени водотеци во западниот дел од државата, особено во сливните подрачја на реките Треска, Радика, Црн Дрим, Сатеска, Црна Река, Коселска и горниот дел од сливот на реката Вардар.

Спонзорирано: