8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саркози ќе се соочи со судење за корупција и злоупотреба на службената функција

Поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози, ќе се соочи со обвинениjа за корупција и за злоупотреба на политичката позиција, изјавил извор близок до случајот за Си-ен-ен.

Саркози е осомничен дека се обидел да добие тајни информации во 2014 година преку својот адвокат Тјери Херцог од обвинител за статусот на истрага за финансирање на кампањата.

Сомневањата биле откриени од страна на медиумите „Ле Монд“ и „Медиапарт“, наведувајќи дека адвокатот на Саркози, наводно, се понудил да му помогне на обвинителот Гилберт Азиберт да добие престижна објава во Монако, во замена за тајните информации. И Херцог и Азиебер ги негираат тврдењата.

Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, е обвинет за финансиски прекршоци. Адвокатот на Саркози ја критикувал одлуката за судење на Саркози посочувајќи дека прислушувањето не е доволно за да се отвори постапка.

Вчерашната одлука за испраќање на овој случај на судење доаѓа откако Саркози во посебен случај беше ставен под формална истрага на 20 март, под обвинение за прифаќање пари од Либијците за неговата претседателска кампања во 2007 година. Во тој случај, Саркози вели дека нема докази за делото.

„Јас сум обвинет без никакви физички докази”, напишал Саркози во едно мислење објавено вчера во францускиот весник „Ле Фигаро“.

Спонзорирано: