8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека обезбедувач на Груевски го нарачал насилството во Собранието

ВМРО ДПМНЕ демантира дела човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април.

„Тоа е комплетно неточно. Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавностa“, реагира ВМРО-ДПМНЕ, барајќи одговорности од претседателот на Судот Иван Џолев за протекувањето на обвинителниот акт во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ додаде случувањата од 27 април биле реакција на нелегитмната и нелегалната акција која ја спровеле СДСМ, Зоран Заев и Талат Џафери.

Спонзорирано: