17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Христијан Мицковски: Еве што објави откако СДСМ објави неколку фотографии во врска со 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“ објави дека на 27-ми април, кога се случи насилството во Собранието, бил со народот.

„Гледам дека ја интересира власта каде сум бил на 27-ти април 2017 година.

Иако и фотографиите кои ги објавија не кажуваат ништо повеќе од она што јас веќе претходно го соопштив за моето движење тој ден, само овој пат направија додадена мистерија и заокружени црвени кругови, сепак еве ќе повторам и директно одговорам.

Јас на 27-ти април бев со народот, со луѓето кои протестираа осумдесетина дена претходно и кои со право беа загрижени за иднината на нашата Македонија.

И доколку денес не ви беа црвените кругови кои ги заокружувате, доколку не ви беа полициските акции со кои се фалите, ќе немаше “колективна забава” во која само вие верувате, и веројатно уште посоголена, уште повидлива ќе беше неспособноста во која се давите“, напиша Мицкоски.

Тој и порача на власта дека не може толку да украде и сруши, колку што ВМРО-ДПМНЕ може да изгради. Мицкоски додаде дека кога народот ќе се собере на протести против оваа Влада, тој повторно ќе биде на нивната страна.

На „Фејсбук“ статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, му претходеше денешната изјава на Михаела Иванова од подмладокот на СДСМ, која покажувајќи фотографија од Христијан Мицкоски пред портите на Собранието за време на настаните, праша која била неговата улога тој ден.

Спонзорирано: