17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент на Партизанска – има повредени

На 27.03.2018 година околу 22.10 часот во Скопје на раскрсницата на булевар „Партизански Одреди“ со улица „Љубљанска“ Љ.Г.(34) и П.М.(29) од Скопје, биле физички нападнати од три лица.

Тие со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди.

Причина за нападот била претходна расправија во продавница за алишта, каде оштетените работат како обезбедување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Спонзорирано: