3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на повредените во страшната сообраќајка за која зборува цело Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булeварот „Свети Кирил и Методиј“.

Несреќата се случила меѓу товарно моторно возило „ивеко“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ј.Е.(27) од тетовското село Камењане и мотоцикл со скопски регистерски ознаки, управуван од Н.Ј.(48) од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Н.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување.

Возачот Ј.Е. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде што од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Спонзорирано: