9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе пука сонце до петок, а потоа ново изненадување со времето – Синоптичарите излегоа со најнова прогноза

До петок времето ќе се задржи претежно сончево.

Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.

Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток.

За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец.

До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.

Спонзорирано: