17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возач на автобус две години сексуално напаѓал 14-годишна девојка

60-годишен возач на автобус за деца од поширокото подрачје на Загреб, уапсен е пред неколку дена под сомнение дека изминативе две години сексуално напаѓал 14-годишна девојка со потешкотии во развојот која помеѓу другото ја превезувал од куќата до училиштето.

Против него полицијата поднела казнена пријава поради неколку дела поврзани за полова злоупотреба на дете, а помеѓу другото и поради прикажување порнографија на дете.

Засега не е познато како точно дошло до пријавувањето на мажот, меѓутоа, најверојатно трауматизираното девојче во еден момент им се доверило на родителите или на психологот.

По иницијалните информации за злоставувањето, полицијата и надлежните служби откриле дека не се работи за изолиран инцидент, туку злоставувањето траело две години.

На осомничениот 60-годишник одреден му е притвор поради опасност од повторување на делото.

Спонзорирано: