17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Скопје – полицијата јавува за повредени

Уште една тешка сообраќајка на само пет минути по полноќ во Скопје.

На 27.03.2018 година во 00,05 часот на крстосницата од булеварот “Кузман ЈосифовскиПиту” со улицата “Крушевска Република”, Д.М.(47) од Скопје управувајќи патничко моторно возило  “Фиат Брава” со скопски регистарски ознаки удрил во пешак М.Г.(30) од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со истото возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски” каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: