13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Што говореше за Косово пред 10 години новиот советник на Трамп

Новоименуваниот советник за национална безбедност на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џон Болтон, на јавноста ѝ е познат по неговите ставови за Косово, се сеќава РТС. Српската радио-телевизија анализира дека ставовите на Болтон се разликувале од оние во американската администрација.

„Најдобро е да продолжат преговорите за статусот на Косово бидејќи тоа е единствениот начин да се задржат мирот и стабилноста во регионот“, говорел Болтон за време на интервју пред 10 години, по прогласувањето на независноста на Косово.

За разлика од официјалната администрација на САД, Болтон тогаш рекол дека не им препорачува на земјите од регионот да го признаат Косово бидејќи во прашање е суштински концепт луѓето од различни етнички потекла да живеат заедно во рамки на границите на хетерогени земји.

„Косовскиот преседан би можел да биде проблем за земјите од поранешната Југославија и Европа, кои се мултиетнички“, истакнал Болтон во интервју за „Гласот на Америка“.

Тој тогаш најавил дека ќе дојде до поделба на Косово бидејќи областите населени од Срби ќе се ориентираат кон Србија, настојувајќи да се отцепат на некој начин.

Спонзорирано: