14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицајци со 20 куршуми убиле невооружен 22-годишник (Видео)

Припадници на полицијата во Сакраменто со дури 20 куршуми убиле невооружен Афроамериканец, поради што во престолнината на Калифорнија избиле демонстрации.

Полицијата објавила и снимка на која се гледа трагедијата која се случила во неделата, а во која смртно настрадал 22-годишниот Стефон Кларк.

Иако полицајците мислеле дека тој во раце држи оружје, момчето не било вооружено, туку носело мобилен телефон.

По објавувањето на снимката, во Сакраменто се собрале неколку стотици луѓе, кои марширале од центарот на градот до спортската сала во која настапува кошаркарската екипа Кингс.

Спонзорирано: