22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку едно лице загина во заложничка драма во супермаркет во Франција

Непознат маж, кој тврдел дека ѝ припаѓа на Исламска држава, држи заложници во супермаркет во југозападна Франција. Како што пренесуваат дел од француските медиуми, најмалку едно лице загинало во инцидентот, но е нејасно дали заложничката драма се уште трае или е завршена.

Претходно беше објавено во медиумите, дека еден полицаец бил убиен а друг повреден, недалеку од супермаркетот каде што се одвива заложничката драма. Останува нејасно дали двата случаи се поврзани.

Обвинителството надлежно за тероризам покренало истрага, а премиерот Едуард Филип рекол дека ситуацијата на југот на Франција е многу сериозна.