14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови моменти за случајот Смиљковско – Ќе се открие ли кој и зошто ги уби четирите деца и мажот на Велики Петок пред шест години?

Ќе се разоткрие ли вистината за Смиљковско Езеро, кога на 12-ти април 2012 година на ден Велики петок беа убиени 4 деца и 1 маж.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека воспоставиле надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

-Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се наоѓа предметот, соопшти специјалниот обвинител Катица Јанева.

Момчињата кои беа убиени беа на возраст од 18 до 21 година.

Сите беа жители на скопската населба Радишани и тоа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Убиствата се случија на 12 април 2012 година.

Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што наведува дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Овој напад тогаш ја вознемири македонската јавност.

Спонзорирано: