25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН ја повика Турција да ја прекине вонредната состојба

Обединетите нации ја повикаа денеска Турција да ја укине вонредната состојба во земјата која, како што наведуваат, довела до масовно кршење човекови права.

ОН посочи дека во Турција се уапсени 160.000 лица и речиси исто толку државни службеници се отпуштени во последните 18 месеци. Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека Турција треба веднаш да ја укине вонредната состојба и да го обнови нормалното функционирање на институциите и владеењето на правото.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.