12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово смета дека е време да аплицира за Советот на Европа

Заменикот наа косовскиот премиер, Енвер Хоџај, изјави дека Косово мора што побрзо да аплицира за членство во Советот на Европа.

„Дојде време да поднесеме пријава“, рече Хоџај и додаде дека процесот за прием во Советот на Европа трае од една до три години“, пренесоа медиумите во Приштина.

Хоџај оцени дека вистинскиот момент за аплицирање е сега бидејќи за разлика од претходните година, климата е поповолна за Косово.

„Во текот на следните две години Советот на Европа ќе ги претстави земјите членки кои го признаа Косово, а ако се пријавиме сега, ќе станеме дел од агендата на Советот на Европа и ќе почнеме да ги исполнуваме условите за членство“, рече Хоџај.