11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вуду скандал го тресе здравството: Ангажирале истерувач на негативна енергија за 95.000 евра да ја исчисти болницата

Австриското здравство го тресе невиден скандал. Имено, една виенска болница потпишала договор вреден 95.000 евра и тоа со истерувач на негативна енергија.

Овој ловец на штетни бранови е ангажиран енергетски да ја прочисти новоизградената болничка зграда. Австриската инспекција останала зачудена, а медиумите пренесоа дека три лица се приведени, пренесе Курир.рс.

Се огласила и виенската бискупија која на Твитер соопштила дека целосно непотребно е ангажиран овој истерувач на негативна енергија, бидејќи црковниот благослов бил сосема доволен, а и поевтин.

Стручњакот, кој болницата го ангажирала да направи „заштитен енергетски прстен“ околу објектот, за своите вуду-услуги, според договорот, би требало да наплати 95.000 евра.

Меѓутоа, овој проект е запрен бидејќи овој скандалозен договор протекол во јавност.

Спонзорирано: