14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Паника во Осијек: Од кров паѓале мртви гулаби (Видео)

Веќе неколку дена сопствениците на кучиња и мачки во Осијек стравуваат за своите миленичиња бидејќи на социјалните мрежи се шират информации за отров кој е фрлен ширум градот, па и во самиот центар.

Полицијата оваа недела примила неколку повици за сомнителен бел прав кој граѓаните го забележале на неколку локации во градот, а пријавени се и неколку случаи на отруени кучиња, пишува Индекс.хр.

Деновиве на Фејсбук се шират и фотографии и видео записи од гулаби кои паѓаат од крововите на зградите и угинуваат на плочниците.

Граѓаните на Осијек на социјалните мрежи настаните ги поврзале со отровот од кој стравуваат со денови.