16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демолиран штабот на СДСМ на “Илинденска”

Продолжуваат серијата насилства врз објекти и личности од владејачката СДСМ.

Непознат сторител синоќа со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три стакла од просторијата на седиштето на општинската организација на политичката партија СДСМ во Гостивар, лоцирана на улицата „Илинденска“.

Како што соопшти МВР, во полиција вчера било пријавено дека во периодот од 1,20 до 1,40 часот непознат сторител со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три изложни стакла од партиското седиште.

Од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: