13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Охридското езеро проголта дел од најпопуларните кафе барови – големо невреме во македонскиот бисер

Силниот ветар кој што денеска го зафати Охрид го разбранува Охридското Езеро, предизвикувајќи штети на кејот, но и кај кафулињата и рестораните лоцирани во крајбрежјето.

Езерото, кое што според Управата за хидрометеоролошки работи е на три сантиметри над дозволениот максимум, ги поплави крајбрежните објекти во Охрид. 

Ветерот достигна брзина од над 90 километри на час и предизвика проблеми за локалните жители.

Поради невремето забележани се и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а паднати се и неколку дрвја.

 

Спонзорирано: