20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трамп го менува и советникот за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, не запира со промените во тимот. Како што објави „Вашингтон пост“, Трамп планира да го смени и советникот за национална безбедност, Херберт Рејмонд Мекмастер, но тоа нема да се случи веднаш. Весникот наведува дека оваа промена во кабинетот на Трамп доаѓа набргу по смената на државниот секретар, Рекс Тилерсон, пред неколку дена.

Наводно, на списокот на Трамп се и поранешниот амбасадор на САД во ОН, Џон Болтон, и Кит Келог, шеф на Советот за национална безбедност.

„Многу сум блиску до она што сакам да го постигнам во мојот кабинет“, напиша Трамп кога го замени Тилерсон со дотогашниот шеф на ЦИА, Мајк Помпео.

Како што тврди „Вашингтон пост“, Трамп нема веднаш да го смени Мекмастер за да не го понижи во јавноста, туку полека и темелно ја подготвува неговата смена и му бара замена. Мекмастер е генерал со три воени ѕвезди, но тој бил премногу ригиден и неговите извештаи, што ги поднесува до шефот на државата, биле предолги за слушање. Ова наводно Трамп им го рекол на најблиските соработници.

Спонзорирано: