22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во неверување: Наставникот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С. (44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Пријавениот, вработен како наставник во основно училиште „Пашко Васа“ во с.Копачиндол, на 26.01.2018 година за време на наставата, физички нападнал 14-годишен ученик во училиштето.

За време на часот ученикот побарал да биде ослободен за да ја земе тетратката од дома, но од страна на наставникот не бил пуштен.

По ова, ученикот побарал од свој соученик празен лист од тетратка за да пишува, но пријавениот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупата, нанесувајќи му телесни повреди.

Спонзорирано: