10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Груевски неочекувано се пожали на нешто што многумина го почуствуваа на своја кожа изминатите десет години

Експремиерот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за денешното судско рочиште за случајот „ТНТ“, во кој е обвинет за уривањето на „Космос“, поради политичка одмазда, изјави дека пречесто е во суд.

„Од 8 дена, 6 сум на суд“, изјави Груевски.

Тој тврди дека судиите намерно ги забрзуваат рочиштата за предметите што ги застапува Специјалното јавно обвинителство за сметка, на како што рече, редовните предмети.

„Се врши политички прогон против мене“, рече Груевски и повтори уште еднаш дека за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, судења се закажуваат многу ретко, односно еднаш или двапати месечно, и траат многу кратко.

„Судот е под политички притисок“, рече Груевски. „Наместо да гледаат што се случува во државата, треба да се занимаваат што кажал Миле, Петко, Јанко“, изјави Груевски.

Спонзорирано: