23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Џафери: Иванов мора да го потпише законот за јазиците

Собранискиот спикер Талат Џафери тврди дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, мора да го потпише указот за законот за јазиците, во спротивно смета дека тој ќе го прекрши Уставот.

„Јас не се оптоварувам за кој како ги спроведува работите бидејќи ги спроведувам процедурите на Собранието, другите процеудри треба да ги спроведуваат другите институции. Јасна е одредбата на Уставот, која вели дека претседателот мора да ги потпише законите што се изгласани со двотретинско мнозинство. Тој нема можност за вето на таквите закони. Имајќи предвид дека другите закони се носат со просто мнозинство, тогаш има можност за суспензивно вето“, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери вели дека законот за јазиците го добил потребното мнозинство и нема можност за блокада. Во однос на можноста опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да го блокира Собранието, Џафери вели дека причината за излегувањето од законодавниот дом не е носењето на законот, туку поради притворените пратеници.

„Не коментирам најави за кривични пријави. За противењето на начинот на кој е донесен законот за јазиците, треба поширока дебата и не може да се одговори во едно прашање“, додава Џафери.