6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест од УЈП: Ова мора да го направите до утре

Утре (15-ти март) е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Оттаму исто така информираат дека законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, која се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

Според последните податоци, поднесени се вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Пријавите освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци, за регистрираните корисници на електронските даночни услуги. Со цел избегнување на метежите особено во Регионалната дирекција Скопје, од УЈП апелираат граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите кои се отворени во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, како и Мобилниот даночен шалтер во Драчево кој на 15 март ќе биде стациониран пред месната заедница во периодот од 10.00 до 14.00 часот.

Спонзорирано: